Жена од минатото

zena od minatoto 1zena od minatoto 2Во петок на 8 Април 2016, во 20:00, во Кино Култура ќе гостува претставата Жена од минатото на Кумановскиот театар. Режијата е на Нела Витошевиќ, музиката на Огнен Анастасовски, костимите се на Розе Трајчевска, сценографијата на Нела Витошевиќ, а плакатот го изработи Нина Максимова. Во претставата играат: Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.

Жена од минатото е современ текст на германскиот автор Роланд Шимелфенинг, кој е еден од основоположниците на новата европска драма. Во оваа негова приказна, тој се занимава со тоа како последиците од неразрешеното минато, влијаат на иднината на едно семејство. Во моментот кога семејството се пакува да се исели од куќата во која живее дваесет години, на вратата се појавува мистериозна жена, која ги попречува нивните планови и дејството го носи во друг правец. Нејзиното присуство иницира да се отварат проблемите на членовите на семејството, кои биле потиснувани во изминативе дваесет години. Како парафраза на неразрешеното минато, мистериозната жена брутално го уништува семејството.

zena od minatoto 3Претставата е психолошки трилер, кој преку знаковен јазик на филмска монтажа оди напред и се враќа назад во времето. Приказната е ставена во специфична временска рамка, во која низ низа на интроспекции и временски скокови се следи распадот на семејството од ракурс на едно девојче кое е сведок на сите настани.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари.