Жељко Јоксимовиќ

Со огромно задоволство ви го најавуваме настанот број 1, кој со сигурност ќе го одбележи ова лето во Дојран и Охрид.

koncert   koncert

Миленикот на сите генерации, човекот кој два пати е морален победник на Евровизија,
Жељко Јоксимовиќ на голем спектакуларен концерт, кој ќе трае повеке од 3 часа.
ДОЈРАН - 2 Август, Петок - Паркинг Гранит.
Веке следниот ден на 3 Август, Сабота, Жељко ќе има концерт во ОХРИД на стадионот Билјанини Извори.
Една од најголемите Балкански ѕвезди доаѓа во полн состав заедно со неговиот Тексас бенд.
На концертот кој ќе трае повеке од два и пол часа, ќе се отпеат најголемите хитови како Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, Вретено и многу многу други.
Моментално Жељко е актуелен со неговата најнова песна Лудак као ја, која е во модерен хаус стил.
Концертите во Дојран и  Охрид се дел од неговата актуелна турнеја низ Европа.
Организатор на концертот е МАСТЕР ТИМ ПРОДУКЦИЈА
Покрај Жељко на концертот ќе има и специјални гости.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Партер стоење - 450 денари (првите 2000 карти)
Трибини - седење (само во Охрид) - 600 денари
ВИП - 1000 денари
mapa

Напомена!!!

Резервираните карти ќе ги чуваме најмногу 30 минути. Доколку во период од 30 минути не направите онлјан нарачка картите ќе ги вратиме во продажба.

Испечатените ваучери  ќе можете да ги замените со реални карти со приложување на ваучерот на продажното место КупиКарти.Ком во трговскиот центар City Mall, секој работен ден од 10 до 22 часот и на билетарите на локациите на одржување на концертот, на денот на концертот (02.08 / 03.08) почнувајќи од 20:00 најдоцна до 22:00.