Жељко Јоксимовиќ
Жељко Јоксимовиќ: Ова лето на дружба во Охрид!
Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во нашиот “бисер македонски” - Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти.
Концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”.
"Ја обожувам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време!"
Миленикот на сите генерации ќе приреди голем спектакуларен концерт за паметење, кој ќе трае и повеќе од 2 часа.
На концертот ќе се отпеат најголемите хитови како Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, “Милиметар”, најновата “Можда је то љубав” и многу многу други.
Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.
Билетитево предпродажба по следните категории и цени