Жељко Бебек & Симфониски и Тамбурашки Оркестар

Ексклузивен гала концерт на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар.

zeljko bebek

Почитувани,

Сакаме да Ве известиме дека поради технички причини, скопскиот концерт на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар ќе биде одложен за наесен.
Причината за одложување на концертот кој што требаше да се одржи на 5-ти март во арената „Борис Трајковски“ е австралиската турнеја на пејачот.
Тој добил понуда да остане подолго во Австралија уште две недели, а Авалон продукција поради набиената концертна агенда го прифати тој предлог и смета дека подобро време за одржување на овој концерт е крајот на октомври или почетокот на ноември.
Авалон продукција им се извинува на сите кои купиле влезници за концертот на Жељко Бебек. Сите што купиле билети ќе можат да си ги повратат парите на продажните места од каде што ги купиле влезниците со приложување на фискалната сметка. Оние кои купиле билети онлајн задолжително да ги испратат бројот на онлајн нарачката и датумот на трансакцијата на contact@kupikartizase.com за да можеме да Ви ги рефундираме средствата.

Авалон продукција


Еден од најголемите рок пејачи на Балканот на сите времиња доаѓа во Скопје на 5-ти март во арена „Борис Трајковски“ во досега невидена формација, со 60 луѓе на сцена - симфониски и тамбурашки оркестар, како и матичниот бенд на Бебек.

5 Март, Арена Борис ТРајковски
почеток 20 часот

Специјални гости на концертот ќе бидат извонредната женска атракција, групата The Frajle, кои со огромната посетеност на нивниот официјален YouTube канал, The Frajle ги поместија границите не само на нивните кавер свирки, туку и на музичката сцена на нашите простори. 

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (1-ви февруари) и ќе можете да ги набавите преку продажните места на Купи карти за се и онлајн на www.kupikartizase.com.
Првата важна информација е дека сите билети ќе бидат нумерирани и ќе бидат со седење (партер и трибини).

zeljko bebek