Здраво Млади

Здраво Млади повторно со пресна музика, поучна, но истовремено разиграна и забавна, таа што ќе ви направи да “ви заигра срцето и запее душата” – за убавото разиграно Скопје за кое мечтееме. Газат веќе трета година по ред. Од книгата со тазе рецепти, 13 слатки изведувачи од сите солени страни на светот, зготвени со една цел – преслушување и дегустирање на на нова и квалитетна музика со изразена еколошка димензија, која не ги загадува ушните канали.

cover photo

Оваа година, за денот да трае подолго, а забавата до рано наутро, програмата ја спакуваа во еден цел ден, но во два, wait for it, фестивалски “стејџa” од кој еден на отворено, под романтичното распослано скопско ѕвездено небо. 

Ќе паѓаат комети. И чоколадни бомбици.

Здраво Млади! трето издание - 17 Мај,  МКЦ. За убаво да го дочекаме тополото лето.

Стартот на продажба на билетите е 17.04, на точно еден месец пред фестивалот, а само на 17.04 фестивалскиот билет по цена од скромни 300 денари.

Веќе од 18.04 цената на фестивалски билет ќе чини 400 денари.

Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат и онлајн на нашата веб страна.