Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ

 

Најголемата музичка ѕвезда на Балканот, миленикот на женските срца кој со секое свое појавување на сцената буди посебни емоции кај публиката, Здравко Чолиќ, на 1-ви август оваа година повторно ќе ја разбранува македонската јавност со ново музичко збиднување на стадионот Билјанини Извори во Охрид.

Концертот кој што е во организација на компанијата Орфеј ќе биде најголем музички спектакл во Македонија за оваа година.

Настапот на Чолиќ на сцената на Билјанини Извори во Охрид на 1-ви август ќе биде единствениот негов спектакуларен концерт во Македонија за оваа година на кој присутните ќе уживаат во неколкучасовно незаборавно музичко доживување со хитовите на најголемата ѕвезда на овие простори - изјавуваат организаторите на концертот.

Eвергрините кои ги знаат сите генерации „Ти си ми у крви“ „Продужи даље“ „Маџарица“ „Пусти моду“ „Звао сам је Емили“ ќе бидат само дел од репертоарот на Здравко на 1-ви август

Цена на карти:

  • Терен : 600 денари
  • FAN PIT : 1200 денари