Wiener Mozart Orchester
Во состав од 30 врвни музичари, Wiener Mozart Orchester, оваа година ја вклучува и Софија меѓу најголемите европски престолнини во божиќната турнеја на Стариот континент, која ги вклучува Франција, Унгарија, Италија, Словенија...
Сите музичари од Wiener Mozart Orchester се посветени на една заедничка цел - зачувување на музичката традиција и културното наследство на Виена, а особено на делата на Волфганг Амадеус Моцарт.
Во репертоарот на оркестарот се вклучени сите симфонии на Моцарт, надополнети со историски костуми, перики и сценографија кои несвесно ни ја пренесуваат концертната атмосфера од крајот на 18 век.
Познавачите на класичната музика, на овој концерт ќе можат да бидат дел од едно возбудливо патување назад во времето на барокот и да станат дел од свечените вечери од минатите времиња, кои ја карактеризираат Виена, како главен град и резиденција на Хабсбурговците.
Концертот ќе се одржи на 14 Декември 2012, во првата хала на Националната палата на културата, во Софија, Бугарија. Со почеток во 20 часот.
Цените на билетите ќе бидат објавени наскоро.