Whitesnake
Беа во 2011 година како специјални гости на опроштајната Judas Priest турнеја и го промовираа новиот албум ”Forevermore”!
Тогаш David Coverdale вети “Belgrade will be back”!
И го одржа ветувањето!
Две години подоцна Whitesnake се враќаат на 14 Јуни на голем open air концерт на Калемегдан и тоа овој пат со турнејата “Година на змијата – Greatest hits – live tour! – каде што на целовечерен концерт ќе се “обидат” да ги изведат своите најголеми хитови!
Се шушка дека ова можеби е и последната турнеја на легендарниот hеavy metal бенд и поради тоа го носи името Greatest Hits – live tour!.
Значи Whitesnake во Белград сега и кој знае кога повторно.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на нашата веб страна.
Цената на билетите изнесува:
Партер - 1 150 денари
Фан Пит - 1 700 денари
Вип трибина - 1 950 денари