Време е да се разбудиш!!!
За прв пат во Македонија ќе се организира тематски стенд ап спектакл на тема корупција.
Со помош на Транспаренси Интернешнл и Транспаренси Интернешнл Македонија дојдовме до генијална идеја против корупцијата да се бориме со нејзино исмевање.
Кој дава, а кој зема во Македонија?!
Кој е професор Ташњаревиќ?!
Кој е судијата кој ништо не гледа, а помалку од тоа и суди?!
Зошто не постои доктор без џип?
Како се дава мито во натура?!
Ќе се смееме на темите: ЗДРАВСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ, СУДСТВО И ЧОВЕКОВИ ПРАВА, но и на корупцијата насекаде околу нас, на корупцијата во царина, полиција, градежништво...
Нашата стенд ап репрезентација во состав Весна Бејби Петрушевска, Сашо Тасевски, Никола Тодороски, Бојан Велевски и Ефтим Трајчов - Ѓаурски ќе настапи со потполно нов оригинален материјал.
Карти во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 199 денари и онлајн на нашата веб страна.