Влатко Стефановски - Fire and Ice
Ве известуваме дека поради хаваријата која се случи во Универзална Сала и поради нејзино затворање на неодредено време, организаторот на концертот FIRE & ICE – КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ & ВАСКО АТАНАСОВСКИ СО КАМЕРНИОТ ГУДАЧКИ ОРКЕСТАР НА СЛОВЕНЕЧКАТА ФИЛХАРМОНИЈА, одлучи истиот да се одржи на 21 март во Дом на АРМ.
Поради помалиот капацитет на салата на Домот на АРМ во однос на Универзална Сала и поради големиот интерес на публиката, ќе се одржат два концерти, со почеток во 19 часот и 21 часот.
Влезниците купени за Универзална Сала ќе важат за првиот концерт во Дом на АРМ со почеток во 19 часот и истите можете да ги смените исклучиво во продажното место Пола Југотон ГТЦ 1 кат, секој работен ден од 09 до 21 часот (сабота од 09 до 17 часот) или на денот на концертот на билетарата на Дом на АРМ, од 17 часот.
Останатите заинтересирани ќе можат да си купат билети преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 800 денари.