Влатко Стефановски Битола
Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, годинава има повеќе причини за задоволство и прославување.
Неодамна тој го објави својот 32 албум „СЕИР„ а оваа 2014 се одбележуваат и 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
По тој повод, на 16 август, на Античкиот локалитет Хераклеа во Битола, а во рамките на фестивалот Бит Фест, тој ќе одржи голем концерт кој ќе биде своевидна ретроспектива на неговата досегашна работа.
Воедно, тоа ќе биде можност и за концертна промоција на новиот албум.
Ова ќе биде концерт кој долго ќе се памети и кој ќе ја одбележи концертната 2014 година!
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари.