Влатко Лозаноски

 

Еден од нашите најпопуларни пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано на 2-ри август ќе одржи концерт во еден од најпознатите хотелски комплекси во нашата земја – хотел „Радика“ во Маврово.

На еден од најголемите национални празници, Лозано со неговиот бенд ќе одржат двочасовен концерт за сите љубители на добрата и квалитетна музика...

„Километри“, „Јако, јако“, „Жена како ти“, „Сонце не ме грее“, како и новите песни „После полноќ“, „Ме нервираш“ ќе се пеат на еден глас со публиката која се очекува да дојде скоро од сите делови на Македонија.

Настапот на Лозано ќе биде покрај надворешниот дел на базенот и ќе започне во 19 часот.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 650 денари, а од менаџментот на хотелот велат дека ќе има и можност да се закупат високи маси...

Влезниците  во продажба , преку продажната мрежа на „www.kupikartizase.com