Влатко Илиевски

koncert na makedonskata muzicka zvezdaНа предновогодишниот, промотивен, солистички концерт Влатко Илиевски и неговата придружна група ќе ги промовираат песните од неговиот најнов албум "Нека биде по твое", како и неговите најголеми хитови.
На двочасовното концертно шоу меѓу музичарите на сцената ќе се појави и дел од авторската екипа на албумот, односно Дарко Тасев и Владимир Дојчиновски - Дојчин.
Како предгрупа на концертот, ќе се појави младата скопска рок дружина Швалери.
Воедно организаторите најавуваат уште многу изненадувања за време на концертот.

Билетите за претстојниот концерт можете да ги купите во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 200 денари.