Владо Георгиев

Еден од најпопуларните пеачи на балканот Владо Георгиев, ќе одржи концерт на 07 Септември на Античкиот Театар во Охрид.

Владо Георгиев покрај добро познатите хитови Andjele, Jedina, Sve si mi ti, Zbogom ljubavi, Iskreno и други, ќе се претстави и со дел од новиот албум, кој е стилски различен од сè што досега снимил. Албумот „Боем“ носи сосема друг звук и продукција, со поедноставена музика и сериозни текстови.