VIP Супер машка лига плеј оф
VIP Супер машка лига плеј оф
Металур г- Зомимак М, почеток 17.45 часот
Металург Јуниор - Пролет 62, почеток 20 часот
локација: сала Автокоманда Скопје
датум: 22.5.2014 година (четврток)
цена: 100 денари
Ракометниот клуб Металург како опшетствено одговорен колектив чуствува одговорност да се приклучи во помагање на настраданите од поплавите во Србија и БИХ. За таа цел Металург ќе организира хуманитарна акција пред и за време на натпреварите од ВИП Супер машка лига плеј оф помеѓу Металург- Зомимак М и Металург Јуниор-Пролет 62.
Цената на влезницата за двата натпревари ќе чини 100 денари, а средстата собрани од продажба на влезниците ќе бидат наменети за помош на настараданите од поплавите во Србија и БИХ.
Влезниците ќе можат да се набават од среда (21.5.2014 година) во сите продажни места на нашиот дистрибутер „КупиКартиЗаСе“ , на билетара во сала „Автокоманда“ и онлајн на www.kupikartizase.com .
Исто така, во текот на целиот ден на одигрување на натпреварите (четврток,22.5.2014 г.) Металург организира хуманитарен пункт во сала „Автокоманда“, каде што сите хумани луѓе ќе може да донираат потребните продукти. Хуманитарниот пункт ќе биде отворен од 10 часот, а целата акција ќе заврши со завршување на натпреварот Металург Јуниор-Пролет 62.
Според информациите од Црвениот крст на Република Македонија донациите да се состојат од следните продукти:
- Конзервирана храна,
- Вода и
- Средства за хигиена, храна за бебиња и пелени.
Со надеж дека сите македонски граѓани и фанови на Металург ќе земат учество во оваа хуманитарна акција.
Спортски поздрав
Ракометен клуб Металург