Вардар - Кил

Карти во продажба

 

Продажба на поединечни билети натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Кил, Германија.

Средбата е закажана за 27 октомври 2021 година со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански".

Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија

(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).


Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 - 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 - 400 ден.

Блок 1,2 и 9 - 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" два часа (2 часа) пред почетокот на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат секојдневно на продажното место на купикартизасе во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" на денот на играње на  натпреварот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за  натпреварите.