Vanessa Mae во Белград
Супер Ѕвездата Vanessa Mae за првпат доаѓа со свое шоу во Белград и тоа на 27 февруари 2011 година во Белградска Арена.
Jimi Hendrix на виолина, Rock superstar на виолина, чудо од дете, се само дел од насловите на светските медиуми, кога е во прашање најдобрата виолинистка на денешнината.
Со повеќе од дваесет изданиjа, Vanessa Mae е секако и артист со најголема продажба на албуми кога е во прашање класичната музика.
Влезниците за концертот по цена од 1900, 2100, 2300 и 2700 денари во зависност од категоријата се пуштени во продажните места на Купи Карти За Се.