Вагинални Монолози - второ играње

Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција... Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата, сексизмот... со кој секојдневно се соочуваат.
А секоја револуција започнува од нас самите.

Мојата револуција почнува во телото.Таа нема да чека повеќе. Oваа револуција не бара дозвола, ниту оправдување… Се случува затоа што мора да се случи, во секое маало, село, град, метропола… Како собирање на племињата, како собир на колегите, студентите, жените од пазарот, жените од автобус... Може да биде мека и постепена… Може да биде спонтана и гласна... Можеби веќе се случува некаде... Може да ја најдете во вашиот орман, во вашата храброст, во вашите нозе…

Ако сакате можете да бидете дел од оваа револуција...
Да почуствувате дел од нејзината мистерија или нејзината радост... Од нејзината тага или да му погледнете на нејзиниот страв во очи... Можете да слушнете што имаат жените од светот да ви кажат и раскажат, преку гласовите на нашите активстки кои ќе ви ги пренесат сведоштвата за уникатни искуства на љубов, раѓање, насилство, силување... На најискрен, оголен од секакви правила, начин...

Дојдете на драмското читање на Вагиналните Монолози од страна на активистки за женски права.
Ден: 11 јуни
Место: Кино Култура
Време: 20 часот

"Вагинали Монолози" е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по трет пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.

Билетите во предпродажба можете да ги најдете од 7 јуни 2016 преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 120 денари.

vagina monologues 2016

Сите собрани средства ќе бидат донирани директно на жени, жртви на насилство.

Оваа револуција го бара вашето внимание...
Бара да ја слушаш...
Бара да ја гледаш мирно и да зјапаш длабоко во нејзините очи...
Ајде...
Слободно...
Знам дека можеш...