Вагинални Монолози - SOLD OUT

Почитувани,

Билетите за првото драмско читање се веќе распродадени. Сите оние кои не успеаја да дојдат до билети ќе можат да присуствуваат на настанот повторно во април. Сите детали околи датумот и локацијата ќе бидат објавени наскоро.

Со почит,
VDay Македонија

Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција...
vagina monologues 2016Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата, сексизмот... со кој секојдневно се соочуваат. А секоја револуција започнува од нас самите. Мојата револуција почнува во телото. Таа нема да чека повеќе. Oваа револуција не бара дозвола, ниту оправдување… Се случува затоа што мора да се случи, во секое маало, село, град, метропола… Како собирање на племињата, како собир на колегите, студентите, жените од пазарот, жените од автобус... Може да биде мека и постепена… Може да биде спонтана и гласна... Можеби веќе се случува некаде... Може да ја најдете во вашиот орман, во вашата храброст, во вашите нозе…
Ако сакате можете да бидете дел од оваа револуција... Да почуствувате дел од нејзината мистерија или нејзината радост... Од нејзината тага или да му погледнете на нејзиниот страв во очи... Можете да слушнете што имаат жените од светот да ви кажат и раскажат, преку гласовите на нашите активстки кои ќе ви ги пренесат сведоштвата за уникатните искуства на љубов, раѓање, насилство, силување... На најискрен, оголен од секакви правила, начин...
Драмското читање на Вагиналните Монолози од страна на активистки и актерки, борци за женски права ќе се случува на...

20 март
Паб Комедија
19 часот

Сите собрани средства ќе бидат јавно донирани во Кризен Центар „Надеж“,во Скопје, кој згрижува жени жртви на насилство.

"Вагинали Монолози" е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по трет пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.

Билетите во предпродажба можете да ги најдете преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 120 денари.

Оваа револуција го бара вашето внимание...
Бара да ја слушаш...
Бара да ја гледаш мирно и да зјапаш длабоко во нејзините очи...
Ајде...
Слободно...
Знам дека можеш...