Вагинални Монолози 2013

humanitarna teatarska pretstavaСкопје, слушај! 
По втор пат стануваш дел од светот на малку поинаков начин! 
“Вагинални монолози“ на 29 април во 20ч. На сцената на Универзална сала.
Девојки и жени, аматерки и актерки , активистки и жени од јавниот живот во Македонија, предводени од VDay Maкедонија ќе споделат женски сведоштва за уникатни искуства со љубов, раѓање, секс, насилство, силување...
“Неможам веќе да бројам и да пребројувам. Време е да кажеме нова приказна. Тоа мора да е наша приказна, мора да биде смела и неочекувана. Мора да изгуби контрола. Мора да биде секси и да ги вклучува нашите колкови и стопала. Мора да биде бесна и малку страшна на начин на кој невремињата се страшни...“
Скопје, пази вриштат!!!
Нека заедно не боли, да се смееме, да плачеме, да се згрозиме, да се гордееме, да се сетиме на сите нив ... една силувана на секои 3 секунди ... заедно да се кренеме против насилство врз жената. 
Сите собрани средства ќе бидат јавно донирани во Кризен Центар „Надеж“.
"Вагинали Монолози" е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка.

Билети во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, на билетарата на Универзална Сала и онлајн на нашата веб страна, по симболична цена од 200 денари.