ДАЦ И АЛЕКСАНДАР 08.03.2023

Популарното дуо Дац и Александар, во среда на 8 март, со уште едно ново доживување, специјална вечер насловена како  “Уште ми фалиш – Посветено на жената”. Во Драмскиот театар Скопје ќе се претстават во едно ново музичко-сценско издание со специјална програма од нивни и познати евергрин нумери.

Во првиот дел од вечерта, на сцената ќе ги придружува бенд од врвни музичари и специјални гости, во времетраење од 90 минути.
Во вторите 90 минути, забавата се сели во фоајето на театарот, каде гостите во поопуштена атмосфера, со пијалок и храна ќе уживаат во забавата која ќе ја направат Дац и Александар со нивниот DJ Миле Ѓуриќ. Не го пропуштајте ова специјално празнување на жената и љубовта кое ќе има и своја хумана мисија.
Единствено што ќе нема е реприза.