УМРИ МУШКИ

umri muski pretstavaУмри мушки 2014-та, Скопје го има најголемиот стенд ап спектакл што се одржува на 2 февруари, во 20 часот, во Универзална сала.

Неверојатен настан со присуство на македонската стенд ап репрезентација Бојан Велевски, Весна Петрушевска, Никола Тодороски, Ефтим Трајчов-Ѓаурски и Сашо Тасевски овојпат помогнати со фантастичните гости од Хрватска, Домагој Пинтарич и Марина Орсаг.

Стенд ап Македонија ви го претставува стенд ап-от на годината на тема секс, двосекс, тросекс, оргии, хомо, омо на омо, еусекс, натосекс, лезби, фризби, стрејт, блоу, и останати религиозни теми неопфатени со законот за малолетници.

Картите можете да ги набавите прекупродажната мрежа на Купи Карти За Се.
Картите се по цена од 300 денари до 25 јануари, 350 до 1 февруари, и 400 на денот на спектаклот!