Twelve Moons of Jazz - Sethstat

twelve moons of jazz 2

Twelve Moons of Jazz серијата од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија продолжува. Digital.Millennium.Artists™ Ве поканува на вториот концерт каде со задоволство Ви ги најавуваме SETHSTAT.

SETHSTAT разгледува конкретна област од музичката уметност каде идеите се резултат на урбаното живеење, но под силно влијание на традиционалното музичко богатство. Групата ја сочинуваат Владан Дробички (тромбон), Васко Бојаџиски (саксофон), Панче Бујуклиев (синтисајзер, пијано ((хармоника)), Павел Дробички (електрична бас гитара), Дино Милосављевиќ (тапани (перкусии)).

public room mapaУпотребата на фолк мотивите во нивната музика, мелодиите и ритамот како позадина, дава посебност и уникатност на секоја нота поединечно. Ова дозволува поголема слобода во изразувањето и овозможува влијание на многу други музички форми како што е миксот, истовремено зачувувајќи го силниот македонски карактер. Инструментите од релативно модерно потекло (тромбон, саксофон, труба, бас гитара, ударни инструменти и синтисајзер / пијано) и даваат на музиката специфичен и уникатен дух.

SETHSTAT до сега имаат издадено пет албуми меѓу кои се "Seth Makes Sense" (1993); "Within Yourself" (1996); "Sethstat" (2000); "Rolling Garage" (2004); "Korab" (2011).

Потпомогнато од: Златен Даб
Влез: 150 денари

Картите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажната мрежа на "Купи Карти За Се"
.