Twelve Moons of Jazz - РАСПРОДАДЕН
Првиот концерт од серијата Twelve Moons of Jazz е веќе распродаден...
Twelve Moons of Jazz е серија од 12 настани посветени на најдобрите џез состави од Македонија. Во организација на Digital.Millennium.Artists™ скопската публиката секој месец ќе има прилика да проследи по еден квалитетен џез концерт.
Честа да го отворат овој настан го имаат Fierce, најновото освежување на македонската џез сцена, состав кој носи нова енергија и несомнено ќе биде еден од најдобрите македонски џез состави во периодот што следи. Fierce го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Бендот го негува современиот (Contemporary jazz) џез призвук кој во моментот е интересен како за џез музичарите така и за слушателите. Fierce имаат настапувано на повеќе реномирани фестивали и настани во и надвор од државата со свој авторски материјал, од кој дел се наоѓа на нивниот албум објавен во ноември 2015та, а истиот ќе биде достапен на самиот настан.
Twelve Moons of Jazz
Бенд: Fierce
Почеток: 21:30
Локација: Public Room
Потпомогнато од: Златен Даб
Влез: 150 денари (мезе карта)
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.