ЉУБОВНА НОЌ
"ЉУБОВНА НОЌ" со Trio Gentlemen
30 јули (четврток), 20:30 часот, Факултет за ликовни уметности – Сули ан
Дејан Стоев – тенор
Кристијан Антовски – баритон
Јане Дунимаглоски - тенор
Трио Џентлмен е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.
Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, а триото е создадено по урнек на светски познати поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Трио Џентлмен е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика.
На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси,македонски евергрини, балкански поп композиции…..и сето тоа изведено во поп-класичен манир.
За ова кратко време колку што постојат (околу 6 години) имаат настапувано со целовечерни концерти, свечени академии и друг тип на настани во повеќе градови во нашата држава, но и надвор од нашите граници.
Кон крајот на тековната 2020 година, Трио Џентлмен подготвуваат два големи настапи. Концерт во Њујорк, Америка и во Москва, Русија на Црвениот плоштад на покана на Руската Федерација. Следат и бројни редовни целовечерни концерти и разновидни настани на радост на уживателите на нивното дело низ целата држава.
Нивните настапи се познати и атрактивни по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто не видено и слушнато на нашите простори. Различни од другите музички состави ги прави тоа што на нивните настапи прават спој на оперското пеење со различни жанрови, и сето тоа изведено во еден нов и специфичен звук, интерпретиран од тројца оперски пеачи.
ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
- носење заштитни маски
- мерење телесна температура
- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
- дезинфекција
- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.