Tony Cetinski
Најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински на 28 ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на продукција „План Б“. Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката песна „Лагала нас мала“.
Во 2007 година Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и со Хозе Карерас, а во 2014 година сцената во Скопје ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена ја снимија заедничката песна со Жељко Јоксимовиќ, „Заблуда“, уриваат рекорди на слушаност во регионот.
„Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само мал дел од хитовите што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински.
Цетински за концертот во Скопје најавува и оперски елементи, голем оркестар кој ќе го придружува, хумор, глума, но пред сѐ музички интензитет во кој ќе уживаат сите генерации.
* враќањето кон дома е веднаш по завршетокот на концертот
АВТОБУС Западна Македонија
ОХРИД - 650мкд
поаѓање во 15:00 - автобуска станица
СТРУГА - 650мкд
поаѓање 15:15 – автобуска станица
КИЧЕВО - 450мкд
поаѓање 16:30 - автобуска станица
ГОСТИВАР - 350мкд
поаѓање 17:30 - автобуска станица
ТЕТОВО - 120мкд
поаѓање 18:15 – автобуска станица
АВТОБУС Централна Македонија
БИТОЛА - 500мкд
поаѓање 15:00 - спортска сала Младост
ПРИЛЕП - 450мкд
поаѓање 15:45 - хотел Липа
ВЕЛЕС - 180мкд
поаѓање 17:00 - автобуска станица
АВТОБУС Источна Македонија
СТРУМИЦА - 650мкд
поаѓање 15:00 - автобуска станица
ШТИП - 400мкд
поаѓање 16:15 - автобуска станица