The Skopje Connection meets Ernst Reijseger
Скопје Конекшн го сочинуваат тројца извонредни музичари - Џијан Емин на хорна и мелодион, актуелниот италијански џез музичар Лука Аквино на труба и композиторот и гитарист Георги Шарески.
Првиот албум, насловен "Амам" беше снимен во Скопје, а во 2009та година беше издаден во Италија во продукција на Енрико Блумер. Неколку месеци подоцна беше избран за албум на годината според најголемиот портал на џез музика - allaboutjazz.com.
На овој концерт, Скопје Конекшн, ќе го промовира новиот материјал на кој гостува Ернст Раинзегер. The Skopje Connection meets Ernst Reijseger е интернационален проект снимен во Холандија, продуциран во Македонија и Италија, а во издание на Losen Records од Осло, Норвешка. Ова е прва концертна промоција на новиот албум кој беше издаден пред само неколку месеци во Норвешка.
Концертот ќе се одржи на 19 Ноември, со почеток во 21 часот, во Дом на АРМ, Скопје.
Влезниците за престојниот концерт можете да ги набавите на сите продажни места на ККЗС по цена од 300 денари.