THE PRODIGY

PRODIGY НА OPEN AIR - OHRID CALLING 2016!


the prodigy
Огромно задоволствo ни е да ве информираме дека еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

На првото издание на Ohrid Calling oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња.

The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „The Day Is My Enemy“, со кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

The Prodigy имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“...

Како што деновииве тие најавија, за момците од The Prodigy можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.

Познати се сите детали околу влезнииците за концертот на The Prodigy во рамките на првото издание на Ohrid Calling кој ќе се одржи на 14-ти август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се како и онлајн на нашиот сајт, во понеделник на 16-ти мај, точно во 9 часот наутро, по следниве цени и категории:

ТРИБИНА - 1000 денари
ПАРТЕР 2 - 1200 денари
ПАРТЕР 1 - 1500 денари
ФАН ПИТ- 1990 денари (само 2000 влезници)
VIP - 2500 денари



the prodigy mapa

На концертот се очекуваат околу 15.000 посетители од цела
Македоија и од регионот.
Се гледаме на 14 август!