The Originator

Izlet Music, Music Incubator, Balance и Sektor 909, со особена чест и задоволство го најавуваат гостувањето на пионирите на техно звукот The Originator - Juan Atkins & Jeff Mills на 2-ри август, во Охрид.

“The Originator” инспириран од желбата за создавање на уникатно музичко-сценско дело, во кое главни протагонисти ќе бидат JUAN ATKINS и Македонската Филхармонија, под уметничко раководство на виртуозот ЏИЈАН ЕМИН, преточени во неповторливо доживување, под отворено небо, на Античкиот Театар во Охрид.

Juan Atkins е музичар, кому му се припишува заслугата за креатор на техно музиката, позната како Detroit Techno откако Atkins и техно ко-креаторите Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото триото, често нарекувано “the Belleville Three”.

Atkins започнува со продуцирање како Model 500 во 1985 со траките “No UFO’s,” “Night drive,” “Future,” и “Clear”, а продолжува со продуцирање сопствена музика и музика на останати артисти под Metroplex Records label-от. Juan Atkins и Derrik May меѓудругото биле и оригиналните членови на Detroit’s Plus 8 Crew, со низа останати реномирани DJ, вклучувајќи ги и UR, со кои го обликуваат Detroit Techno и продолжуваат да инспирираат многу генерации да го следат иконичниот звук кој го создале.

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност - диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

На пример, масовните концерти „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар со еден од пионерите на детроитската техносцена Дерик Меј и повторно Македонска филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Франција), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс - уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, минатогодишниот концерт „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој, исто така, излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфониски концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичари на Македонија...

The Originator ќе се одржи на 2-ри август во Античкиот театар во Охрид, со почеток од 22:00 часот, каде светски реномираната музика на Juan Atkins - креаторот на техно музиката, ќе биде проследена со звуците на Македонската Филхармонија, придружено со разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување за целата публика.

Влезниците за настаните ќе бидат пуштени во продажба низ продажните места на kupikartizase.com Излет Кафе, Кино Карпош, Винил и Синдикат.

Цена на влезница за Juan Atkins, Dzijan Emin и Македонска Филхармонија до 27 јули - 1.000мкд, потоа 1.200 мкд. Со истата влезот за забавата со Jeff Mills на плажа - Парк ќе биде слободен.