THE MEN (Бруклин, ЊуЈорк, САД)
THE MEN ВО МКЦ!
Здраво Млади промотивен настан #1
The Men (Бруклин, ЊуЈорк, САД) заедно со Нова Генерација од Скопје
Одбивајќи да се служат со ист метод два пати или пак да бидат прегазени од очекувањата, The Men го напуштаат градот на почетокот на 2012 година и заминуваат во Биг Индиан, Њујорк, пренаменувајќи една далечна куќа на падините на Катскилс во целосно опремено студио, а воедно и топол дом за скитници како нив.
Максимално искористувајќи го ведриот дух и чистите планински утра, бендот никогаш претходно не му се предал толку посветено на процесот на компонирање или пак самите тие никогаш за таа цел, не му се предале толку многу на едно место на снимање. А-страната на “Electric” е замрсена, наежена од кулминација, истовремено и мрачна и радосна, исполнета до даска со задушени лути гитари, обвиена од вокалите на Ник Киерцоли со еден беспомошен, неизбежен порив кој става акцент на целиот бенд. Ако сакате да ги соголите The Men до срж – ќе го добиете токму ова. Потполна спротивност од својот „ортак“, Б-страната “Water Babies” е сосема друг муабет...
Дополнителни информации:The Men се едни од најпродаваните артисти на Sacred BonesThe Men ги имаат поминато САД и Европа долж и попреку, а по ова издание ќе „напаѓаат“ и накај балканот. За нив се пишувало и говорело во Spin, Rolling Stone, New York Times, на Pitchfork, на NPRМеѓу другото имаат свирено на Pitchfork Fest, Primavera и London Field Day.
Нова Генерација (Скопје, Македонија)
Нова Генерација е бенд кој почна да свири во Октомври 2011. Бендот е создаден од фрустрациите и мржњата кон денешново општество во кое живееме, владата, системот, нацизмот, капитализмот, корупцијата, полицијата, војните, испраните мозоци, апатијата кај луѓето, а и од желбата да се врати уличната сцена кај младината во градов која изумре во последниве години и беше заменета со кафичи и турбофолк. Музиката е инспирирана од старите американски хардкор и треш бендови како Black Flag, MDC, Minor Threat, Bad Brains, D.R.I, Suicidal Tendencies и македонскиот панк, додека вокалот е повеќе насочен кон стрит и анархо панк стил како LА's Moral Decay, Defiance, South Central Riot Squad.