The Cure

thecure golemaThe Cure, ја објавија својата нова турнеја, прва после 2008 година, која ќе опфати 34 концерти во 17 земји. Најблиску до нас, ова незаборавно концертно доживување, ќе се случи на 27 Октомври, во Будимпешта, Унгарија.

На овој "не смее да се пропушти" концерт, ќе настапат Robert Smith (глас / гитара), Simon Gallup (бас), Jason Cooper (тапани), Roger O'Donnell (копчиња) и Reeves Gabrels (гитара). На овој концерт The Cure ќе настапат со целото свое изминато 37 годишно творештво и нов досега необјавен материјал. Најавуваат меш ап и нови аранжмани на нивните најголеми хитови.

ПРОГРАМА на АРАНЖМАНОТ

Прв ден, 26.10.2016
Поаѓање од Штип (17 часот) и од Скопје (19 часот). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите

Втор ден, четврток  27.10.2016
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Слободна прошетка по Центарот (Ваци улица), одмор од патот, промена на пари (1 евра~300 форинти) ... Сместување во хотелот во 12 часот и слободно време за одмор до 18 часот. Собирање на групата и заминување на концертот во салата Budapest Arena. Враќање во хотелот по концертот. Ноќевање

Трет ден, петок  28.10.2016
Појадок и напуштање на хотелот околу 10 часот. Разглед на знаменитостите Стар Будим, Цитадела, Плоштад на Хероите (Споменик на Милениумот со Градскиот парк) до 13 часот. Потоа слободно време со можност за посета на некој од Шопинг-центрите (Westend, Arena,…). Собирање на групата во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

Четврти ден, сабота 29.10.2016
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ...9550 ден за партер и 11550 ден за фан пит 
во вториот промотивен период (трае до 17.09.2016)

 при МИНИМУМ од 15 ПАТНИЦИ

Аранжманот опфаќа:
*автобуски превоз Скопје - Будимпешта - Скопје
*влезница за концертот од категоријата Партер
*ноќевање со појадок во хотел Хунор во Будимпешта
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:
*меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com

Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност.