The Cure
The Cure, ја објавија својата нова турнеја, прва после 2008 година, која ќе опфати 34 концерти во 17 земји. Најблиску до нас, ова незаборавно концертно доживување, ќе се случи на 27 Октомври, во Будимпешта, Унгарија.
На овој "не смее да се пропушти" концерт, ќе настапат Robert Smith (глас / гитара), Simon Gallup (бас), Jason Cooper (тапани), Roger O'Donnell (копчиња) и Reeves Gabrels (гитара). На овој концерт The Cure ќе настапат со целото свое изминато 37 годишно творештво и нов досега необјавен материјал. Најавуваат меш ап и нови аранжмани на нивните најголеми хитови.
27 октомври (четврток) 2016, 20:00
Papp Laszlo Arena, Будимпешта, Унгарија
Програма на патувањето:
*Состанок на групата на 26.10.2016 во 20:45 часот на паркингот Дрводекор.
*Тргнување кон Будимпешта во 21:00 часот
*Пристигување во Будимпешта на 27.10.2016 околу 11 часот
*Чекирање во хотелот и слободно време за индивидуални активности.
*Почеток на концертот во 21.00 часот
*По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон хотелот.
*28.10.2016 слободно време за прошетка во Будимпешта и во попладневните часови тргнување кон Скопје
Аранжманот опфаќа:
*автобуски превоз Скопје - Будимпешта - Скопје
*влезница за концертот од категоријата Партер или Фан Пит
*ноќевање во хотел *** во Будимпешта
*организација на патувањето
Аранжманот не опфаќа:
*меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com