The Cranberries

Инди поп-рок бендот The Cranberries се враќа на светската музичка сцена со голема турнеја која го вклучува и Белград како еден од градовите во кои ќе настапат.
Влезниците за престојниот концерт ќе бидат пуштени во продажба на 15 Септември, а промотивните цени ќе бидат објавени наскоро.

koncert na indi pop rok bendotКонцертот ќе се одржи на 4 Декември 2012 година,
во Комбанк Арена Белград, Србија, со почеток во 20 часот.

После шест годишна пауза, бендот се враќа на музичката сцена со новиот албум Roses, кој беше издаден во Фебруари оваа година.

Бендот The Cranberries, е создаден во Ирска, во 1989 година од браќата Хоган. На гитаристот Ноел Хоган, басистот Мајк Хоган и тапанарот Fergal Lawer, им се приклучува девојката со специфичен вокал Dolores O'Riordan, како пејачка и текстописец и набрзо се катапултираат во светските музички води со хитот Linger.