TAVITJAN BROTHERS PLAY CLASSICS

На 8 и 9 јуни , два ексклузивни концерти на легендарните виртуози “Браќата Тавитјан” во Македонскиот народен театар и промоција на новиот албум:

 “TAVITJAN BROTHERS PLAY CLASSICS”

tavitijan brothers

Македонска концертна премиера, непосредно пред почетокот на светската турнеја на Тавитјан со настапите во најпрестижната сала во светот, Њу Јоршкиот “Карнеги Хол” и Ројал Алберт Хол во Лондон.

Великаните на сериозната музика: Бах, Моцарт, Равел, Шопен, Чајковски, Рахмањинов, Хачатуријан и Корсаков, во неповторлива џез изведба на нашите врвни Македонски интернационални музички амбасадори.

8 и 9 јуни, во новиот Македонски народен театар, со почеток во 20 часот.

Влезници  во продажба во : Пола Југотон, www.kupikartizase.com и на касата на Македонскиот народен театар по цена од 400 ден.

Со секоја купена влезница,  ЦД на подарок!

Посетителите ЦД-ата ќе ги добијат со приложена влезница во Македонскиот народен театар на самите концерти.

Поради настанатата непогода во соседството, дел од приходот од двата концерти ќе биде наменет за настраданите во поплавените подрачја на Србија и Б и Х.

 

Нај авангардниот музички спектакл на годината.

TAVITJAN BROTHERS PLAY CLASSICS