Новогодишен концерт на Танец

Танец - Душата на Македонија

Симбол на македонската култура и уметност веќе седум децении!

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе седум децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. 

Новогодишниот концерт на „Танец“ и гостувачкиот ансамбл „Коло“ од Р. Србија, ќе се одржи на 20 декември, со почеток во 20 часот, во МНТ.

Билети во претпродажба по цена од 500 денари.