Sziget Festival 2013
- 7 дена незаборавна нон-стоп забава со најголемите светски музички имиња;
- 200 програми дневно;
- 60 различни програмски сцени;
- 400.000 посетители од над 70 земји во светот... Веројатно најинтернационалната фестивалска публика!
- музика за сечиј вкус: поп-рок, инди, метал, панк, хип-хоп, реге, денс, електроника, фанк, блуз, џез, класика, традиционална и т.н. музика на светот; меѓу изведувачите ќе ги видите и најголемите музички ѕвезди во светот денес, но и најпросперитетните нови музички таленти
- театарски претстави, арт перформанси и филмови, изложби, слем поезија, курсеви и работилници, арт маркет, циркус, акробати и жонглери, stand-up комедија, кароке, банџи џампинг, спа, турски бањи и масажи, зона за спортови, изобилство на ресторани, мали барови и чајџилници, промоција на најразлични граѓански иницијативи и општествени кампањи, зона за логички игри, flashmobs, јога, таи чи и амбиент чилоут зона, винска градина... кампување во шума покрај Дунав... Ако сте родители, можете да се забавувате заедно со вашите деца, а за децата помали од 11 години влезот е бесплатен!
- Фестивал - град со над 6000 угостители, лоциран на зелениот остров Обудаи, во срцето на Будимпешта...
Колоритната програма на овогодинешното издание на Сигет ќе биде целосно објавена во следните неколку недели. Овој пат откриваме само 24 имиња кои ќе настапат на неколку различни сцени на фестивалот. Повеќето ќе гостуваат за првпат, но ќе има и неколку кои веќе биле, а создале атмосфера за паметење на некои од изминатите изданија.
...SKA-P / EDITORS / SEBASTIAN INGROSSO / BAD RELIGION / WOODKID / EMPIRE OF THE SUN / EVERYTHING EVERYTHING/ DIZZEE RASCAL /ENTER SHIKARI /CHRIS LIEBING /PETER BJORN & JOHN /KATY B /NETSKY LIVE /TOTALLY ENORMOUS EXTINCT DINOSAURS/ ZAZ /SKIP&DIE/SKUNK ANANSIE /ALEX CLARE /CHASE & STATUS LIVE /TAME IMPALA/MICHAEL KIWANUKA/WAX TAILOR/LEFT BOY/AFTERHOURS...
Дел од нив ќе ја загреваат главната поп-рок сцена, дел ќе ве очекуваат во А38, а останатите ќе настапат во мега шаторот на Арена.
По успехот што го покажа сцената на т.н. музика на светот на минатогодишното 20то издание на фестивалот, оваа година организаторите немаа друг избор освен повторно да ги презентираат најголемите имиња од овој жанр музика. Во програмата се вклучени и популарни имиња од Централна и Источна Европа, а најголемо внимание ќе им биде оддадено на артистите од Балканот и актите базирани на ,,ска” феноменот:
...Calexico | Rachid Taha | Emir Kusturica & The No Smoking Orchestra | Leningrad band | La Pegatina | Moana & The Tribe | Mokoomba | Fanfara Tirana meets Transglobal Underground | Tako Lako | Shutka Roma Rap | Figli Di Madre Ignota | DakhaBrakha | R.U.T.A. | Warsaw Village Band | Cankisou | Söndörgő | Besh O Drom és vendégei | Parno Graszt | Pannonia Allstars Ska Orchestra | Csík zenekar és vendégei...
И уште една добра вест, етаблираниот Songlines магазин повторно го прогласи Сигет за еден од најдобрите интернационални фестивали во светот!
Дами и господа! Сигет фестивал од оваа година воведува уште една, нова грандиозна сцена која ќе ја збогатува и онака веќе колоритната програма на фестивалот. Cirque du Sziget ќе биде домаќин на величенствени современи циркус продукции, но и импресивни претстави на млади унгарски акробати креирани специјално за фестивалот. Уште еден доказ дека Сигет е многу повеќе од музички фестивал!
Fruzsina Szép, програмскиот директор на Сигет, изјави: Нашата публика и досега имаше можност да се забавува со најразлични акробатски претстави, но од оваа година овие продукции ќе имаат своја посебна локација, токму поради големото внимание кое го предизвикуваа кај посетителите. Нашата идеја е секој ден на една иста локација да имаме сѐ што се подразбира под циркус шоу.”
Cirque du Sziget ќе има визуелни ефекти кои автентично ќе ја доловуваат атмосферата на патувачките циркуси во деведесетите години на 19 век, а изведбите ќе бидат од жанрот на најсовремениот циркус популарно познат под името nouveau cirque, специјално креирани за овогодишното издание на Сигет.
Деновите на новата локација ќе завршуваат со Swing & Circus, односно мешавина на свинг, електро-свинг, танц и циркус, сѐ во едно. Немојте да бидете изненадени ако полу-голи трапез артисти прелетуваат над вашите глави.
ИНФОРМАЦИИ ЗА БИЛЕТИТЕ:
ВИДОВИ БИЛЕТИ И ЦЕНИ
SZIGET НЕДЕЛЕН БИЛЕТ СО КАМПУВАЊЕ
(Weekly Pass with camping)
- Важи од 5 август (10:00) до 12 август (08:00). Влезот за сите редовни фестивалски денови е вклучен во цената
- Влезот за деновите: ,,-1" и ,,0" е вклучен во цената
- Можноста за кампување и можноста да се донесе свој шатор, се вклучени во цената
- Можноста за туширање е вклучена во цената
БИЛЕТ ЗА СИТЕ ПЕТ ОФИЦИЈАЛНИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА БЕЗ КАМПУВАЊЕ
(non-camping tickets)
- Важи од 7 август (06:00) до 12 август (08:00). Влезот за сите редовни фестивалски денови е вклучен во цената
- Влезот за деновите: ,,-1" и ,,0" не се вклучени во цената
- Можноста за кампување и можноста да се донесе свој шатор, не се вклучени во цената
- Можноста за туширање не е вклучена во цената
ПОЕДИНЕЧНИ ДНЕВНИ БИЛЕТИ
(Day Tickets)
- Важат од 06:00 часот на даден ден до 08:00 следниот ден
- Можноста за кампување не е вклучена во цената, освен во случајот кога имате билет и за следниот ден
- Можноста за користење на тушевите не е вклучена, освен во случајот кога имате билет и за следниот ден
SZIGET КАРАВАН БИЛЕТ
(caravan camping ticket)
- Важи само заедно со SZIGET НЕДЕЛЕН БИЛЕТ СО КАМПУВАЊЕ (секој од гостите сместени во караванот мора да имаат SZIGET НЕДЕЛЕН БИЛЕТ СО КАМПУВАЊЕ)
- Вклучува можност да влезете во делот на кампот наменет за каравани, на 5 август 2013, 10:00ч.
- Достапно за каравани, приколки и слични возила што имаат кревети (не важи за мини комбиња со спуштени седишта и сл. Возилото мора да има фиксен кревет)
- Билетите се во ограничена количина
- Налепница формат
ДОПЛАТА ЗА ВИП КАМПИНГ БИЛЕТ
(VIP Camping Upgrade Ticket)
- Важи само заедно со SZIGET НЕДЕЛЕН БИЛЕТ СО КАМПУВАЊЕ
- Овозможува влегување во ВИП делот на кампот кој ги нуди/вклучува следниве дополнителни ВИП услуги: базен и коктел бар во кој може да уживаат само гостите на ВИП делот, сеф депозит, полначи за мобилни телефони, интернет, Wi-Fi, самопослуга, снек бар со тераса, 24/7 рецепција, постојано обезбедување и сервис за перење и чистење
ДОПЛАТА ЗА АЛТЕРНАТИВА КАМПИНГ БИЛЕТ
(Alternativa Camping Upgrade Ticket)
- Важи само заедно со SZIGET НЕДЕЛЕН БИЛЕТ СО КАМПУВАЊЕ
- Овозможува влегување во Alternativa делот на кампот кој ги нуди/вклучува следниве дополнителни услуги: затворен дел на кампот со капацитет од 2000 гости, поголем број на тоалети и тушеви, засилено обезбедување и хигиена во споредба со обичниот дел на кампување, 24/7 рецепција, Mambo Italiano ресторан, бар и стејџ.
- Овој нов простор за кампување е под сенка, многу близу до World Music стејџот и на само неколку минути до влезот на Main Stage.
- Alternativa Cmaping е одличен избор доколку барате опција нешто помеѓу условите што ги нуди обичниот дел и условите што ги нуди ВИП делот за кампување. Италијанската гостопримливост и автентичното "Dolce Vita" доживување се вклучени во цената.
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ СО АВТОБУС