Свадбата на фигаро

svadbata na figaroСвадбата на фигаро
31 март, МНТ, почеток 20 часот

од Пјер Бомарше

Режисер: Леван Цуладзе
Соработник на режисерот: Андреј Цветановски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Кокеви Кадриу

Времетраење: 100 минути
Пауза: Не
Сцена: Голема

Актерска екипа:

Сашко Коцев – Фигаро
Ивица Димитријевиќ – Дон Гусман
Томе Витанов – Дон Бартоло
Нино Леви – Грофот
Славиша Кајевски – Керубин
Сашка Димитровска – Грофицата
Дарја Ризова – Сузана
Драгана Костадиновска – Фанчета
Марија Новак – Марчелина

Фигаро, маркантни фикционални херои, со чијашто планетарна слава, со необичното име и со автентичната аура што постојано го обвива, во текот на последниве два и кусур века маестрално се подигруваат некои од највиспрените и од највештите писатели (Бомарше, Еден фон Хорват…), композитори (Моцарт, Росини…), филмаџии (Волт Дизни…), стрип-цртачи Д′ Топер (The Topper), во последно време и автори на популарните видео-игрички (Final Fantasy VI…), конструктори на автомобили (Nissan Figaro), произведувачи на апарати за дотерување фризури… Чинам дека дури и најнеупатените слушнале за еден од најстарите, најугледните и највлијателните европски весници − весник што континуирано излегува веќе 185 години (првиот број бил отпечатен на 15 јануари 1826!) − кој, сосема неслучајно, го позајмил името на „измислениот“ шпански бербер со неспорно француско потекло: Le Figaro!

Фигаро е стара и, бездруго, шегобијна шпанска/италијанска именка што значи бербер. Бербер, пак, е занаетчија од прв ред: неизбежен (нели денот со него почнува!), остар (нели и работи со остри предмети!), пресретлив, доверлив, секогаш добро информиран, вешт, брз во комуникациите (од секаков вид), духовит… Со векови, берберите успешно се справувале и со прирачните лекарски работи: шиење рани, пуштање крв, решавање опстипациски проблеми, вадење заби… Дека ваквиот бербер е идеален прототип на комичен јунак докажуваат уште античките митови, средновековните фарси и италијанските комедии кои го препознавале и го ползувале како куражен, умен, ноншалантен, палав, врвен / ингениозен интригант! Во комедија дел арте (commedia dell’arte) тој е типизиран во ликот/типот на вториот од двајцата слуги – Бригела. Се знае, првиот слуга е Арлекино!

Книжевните и театарските истории едногласно констатираат дека Бомарше е неговиот клучен апологет, воедно и неговиот нунко: имено, токму на Бомарше му текнало, најпосле, да го именува, да му го даде името според занаетот и да го нарече Фигаро.

mnt mapa

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!