Песните што ќе бидат ставени на репертоарот се одбрани според белегот кој го оставиле низ годините, а на јубилејниот концерт на сцената заедно со Сузана Спасовска ќе се појават нејзините најблиски соработници и пријатели во изминатите години: групата Академци зајакната со повеќе инструменталисти како носител на целовечерниот музички дел, потоа камерен оркестар за неколку композиции, додека специјални гости ќе бидат: Зоран Џорлев, Милан Завков, Сашо Ливрински, Тодор Трајчевски, Гоце Џуклески, вокалната група на ансамблот „Танец„ и Мишко Талески.
Навистина тешко беше да се избере репертоарот, со оглед на многубројните песни кои ги испеав низ кариерата. Уште потешко, пак, беше од оние што ги одбравме да составивме една концертна целина, посебни музички блокови кои тематски ќе бидат склопени и ќе го формираат мозаикот наречен музички времеплов. Мислам дека осмисливме една приказна која е полна со емоции, со носталгија, со љубов, радости, таги ... Сакам таа вечер своето срце да и го подарам на мојата публика и на моите најверни фанови", вели Сузе.
Влезниците се пуштени во продажба во Пола Југотон, ГТЦ 1 кат, по цена од 300 денари.
Јубилејниот концерт е со почеток во 20.30 часот.