Sunset Beach Festival – Dupeni Beach

zajdisonce

Плажата на Дупени на крајбрежјето на Преспанско езеро, е домаќин на целодневна агенда со музика, коктели, пиво, зајдисонце и забава.
Sunset Beach Festival ќе се случува за прв пат во Македонија и тоа на Преспанското Езеро. Нека оваа плажа биде на вашата агенда како викенд дестинација оваа година. За одличната забава, оваа година како дел од фестивалот ќе бидат наши познати музички артисти кои ќе ве размрдаат и освежат на најубавото зајдисонце во Македонија, директно од плажата на Дупени.
Фестивалот оваа година започнува во 17.00 часот, а ќе трае се до 01.00 часот по полноќ.
За вас на главниот стејџ оваа година ќе настапуваат, диџеј Чико, диџеј Андреј Мицајков, Викторија Лоба со диџеј Боби и на затворањето ќе ве забавува диџеј Никифор. Картите се пуштени во продажба преку продажните места на kupikartizase.com по цена од 250 денари.
Не пропуштајте! Сабота, 26ти Јули - старт во 17.00 часот.

Проверете ја и фејсбук фан страната за повеќе информации.

https://www.facebook.com/pages/Sunset-Beach-Festival/1441705099432733

sunset beach festival