SUMMER WELL FESTIVAL 2022
ARCTIC MONKEYS + Nothing but thieves, … Inhaler, … Roosevelt, … Self Esteem, … Hayes & Y, ….. и многу други
– Фестивалот Summer Well кој традиционално секое лето се одржува во живописното историско гратче Буфтеа на периферијата на Букурешт, Р.Романија, последниве неколку години интензивно и оправдано се етаблира како НАЈ_ИНДИ_РОК фестивал во Европа. (од 2014 до 2019 имаат земено учество најголемите имиња од тој правец, како Placebo, Bastille, Kasabian, Foals, The Chemical brothers, Hurts, Interpol, Editors, The Kills, Roosevelt, Justice, Bastille, Cigarettes after sex, The 1975, The National,…
– За летото 2022 на три фестивалски вечери, од 12 до 14 август, се најавува спектакуларен лајн-ап предводен од светски славните ARCTIC MONKEYS и дополнет со веќе докажаните Nothing but thieves, Inhaler (групата на Elijah Hewson, синот на Bono од U2), Roosevelt, … и многу други…
– Он-лајн везници за настанот се достапни на официјалната страна на фестивалот по промотивна цена од околу 80 евра за трите фестивалски вечери.
– ЗА СИТЕ ШТО ВЕЌЕ ИМААТ ИЛИ ПЛАНИРААТ САМИ ДА СИ ОБЕЗБЕДАТ ВЛЕЗНИЦАПРЕКУ ОН-ЛАЈН СЕРВИСОТ НА ОРГАНИЗАТОРОТ, организираме ПАКЕТ АРАНЖМАН со покриеност на сите 3 фестивалски вечери, со автобуски превоз од Скопје и смесување во прекрасен хотел во строгиот центар на Букурешт (20 км од фестивалот) со обезбеден секојдневен превоз до и од фестивалот и богата туристичка понуда во слободното време, ПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен рок и бројна состојба.
ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:
Прв ден, четврток, 11 август 2022:
Поаѓање од Скопје во вечерните часови. (Точното време и место на поаѓање ќе бидат накнадно соопштени). Ноќно возење преку Бугарија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, петок, 12 август 2022.
Пристигнување во Букурешт во утринските часови.
Слободни неколку часа за запознавање со Центарот на градот и сместување во хотелот околу 13 часот. Хотелот (**) се наоѓа во строгиот центар на градот, во непосредна близина на сите значајни знаменитости (Парламентот, Триумфалната капија,…) и до метро станица која го поврзува со секоја точка од градот.
Слободно време за попладневен одмор.
Во 19 ч собирање на групата пред хотелот и заминување на првата фестивалска вечер (околу 20 км од хотелот). Следење на концертите предвидени за таа вечер и организирано враќање со автобусот во хотелот по завршувањето на програмата (околу 2 ч по полноќ). Ноќевање.
Трет ден, сабота, 13 август 2022.
Слободен ден.
Доколку има интерес, организираме (факултативно) целодневна туристичка тура до Синаја (Замокот на Кралската резиденција) и Замокот во Бран (познат како „Замокот на Дракула“). Во 19 ч повторно заминување на втората фестивалска вечер (за таа вечер е најавен настапот на главните хед-лајнери ARCTIC MONKEYS) и враќање во хотелот околу 2 ч по полноќ. Ноќевање.
Четврти ден, недела, 14 август 2022.
Одјавување од хотелот околу 11 ч.
Слободен ден за слободни активности низ Букурешт.
Во 19 ласот собирање на групата и заминување на третата (последна) фестивалска велер. По завршувањето на фестивалот, собирање на групата во 2 по полноќ и заминување кон Македонија.
Ноќно возење преку Бугарија.
Петти ден, понеделник, 15 август 2022.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ со ограничен рок (до 15.05.2022) = 8000 ден
– МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ со уплата на 50% од актуелната цена (4000 ден), а остатокот до поаѓањето.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената релација
Скопје-Букурешт-Скопје
… Трансферите на групата од хотелот до фестивалот (19ч) и обратно (во 2 по полноќ). (По барање на мнозинството од групата, а и во зависност од програмата на фестивалот, тајмингот за одење и враќање може да се измени на лице место)
… 2 ноќевања (без појадок) во хотел (**) во строгиот центар на Букурешт, соби 2, 3 или 4 креветни во зависност од потребите на групата, секоја соба опремена со купатило/ВЦ, ТВ, интернет, клима, …
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран водич-придружник.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
… Факултативниот излет до Синаја и Бран (цената во зависност од бројот на заинтересираните, од 20-25 евра, таму на лице место)
… Влезницата за фестивалот која секој си ја обезбедува самостојно онлајн од официјалната страна наSummer Well Festival (во време на составување на програмата, јануари 2022, чини околу 80 евра (375 леи + 8% онлајн сервисни услуги), која што цена секако ќе се зголемува со наближувањето на терминот, додека не се потроши целиот предвиден тираж). … од 15 февруари 100 евра (475 леи + 8%) …. 18 март 2022 веќе 120 евра (575 леи + 8%)
(Доколку имате некои нејаснотии во врска со набавка на влезницата, слободно консултирајте не преку е-маил info@eurotoursstip.eu или тел 078 473 181)
ЗАБЕЛЕШКА: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот. За други документи поврзани со Ковид-19, беспредметно е во моментов да се наведува, со надеж дека се` што ќе биде потребно, ќе биде лесно да се извади, или дека нема да биде потребно ништо.
ЗАБЕЛЕШКА.2: За реализација на аранжманот се потребни минимум 15 патници.
Бројот на местата е ограничен на 40.