STREIF - One Hell Of A Ride
На 1 март, 2016 година во рамките на Младински Културен Центар Скопје – Кино Фросина пред македонската публика ќе биде презентиран документарниот филм “Streif – One Hell Of A Ride” (Стреиф – Едно Пеколно Возење). skimacedonia.mk ја организира оваа врвна премиера, продукција која е добитник на наградата ROMY за најдобар документарен филм 2015, учесник на бројни фестивали на документарен и планински филм:
"FINALIST" BANFF MOUNTAIN FILM AND BOOK FESTIVAL 2015
"OFFICIAL SELECTION" MOUNTAINFILM INTERNATIONAL FILM FESTIVAL GRAZ 2015
"OFFICIAL SELECTION" TORELLO MOUNTAIN FILM FESTIVAL 2015
"FINALIST" INTERNATIONAL BANSKO FILM FESTIVAL 2015
Во рамките на целиот овој настан учество со своја презентација ќе земат и Скијачка Федерација на Македонија, Ски клубот СКАДИ од Скопје со презентација на успесите кои ги реализира во алпското скијање, како и ПОЛАР ски и сноуборд клубот од Скопје.
Детали за документарниот филм “Streif – One Hell Of A Ride”
Цели 75 години традиционалната трка Hahnenkamm во Kitzbühel, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди. Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. Градот, нацијата, како и целата сцена на зимски спортови полудува по битките кои се играат на падините, а трката Streif е најочекуваниот настан за сите – тоа е Superbowl во скијањето! “Streif – едно пеколно возење” сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовски. Ова е документарен филм за ултимативниот ски натпревар!
Откако ски тркачите ја напуштаат Kitzbühel за следната натпреварувачка локација, членовите на скијачкиот клуб на Kitzbüheler (Kitzbüheler Ski Club) веќе започнуваат со подготовките за
трката следната година. “Streif – едно пеколно возење” ја документира нивната работа, подеднакво и спектакуларните достигнувања, но и неприкажаните напори во текот на цела една година. Истовремено, филмот следи пет меѓународни врвни атлети – Аксел Лунд Свиндал, Ерик Гуај, Макс Франц, Јуриј Данилокин и Ханс Реишелт – дома во нивните родни земји, во текот на летните припреми и во слободното време.
Како што се наближува Hahnenkamm, овие приказни се сѐ повеќе испреплетени, прошарани со приказни од минатите настани, додека спортистите не пристигнат назад во Kitzbühel…
“Streif – едно пеколно возење” ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врвната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик. Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот – дали победа, пораз или несреќа – е неизвесен до самиот крај. Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.
Бајковитиот Тиролски град Kitzbühel врие од енергија откако Hahnenkamm 2013 трката завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст на Hahnenkamm планината Streif, е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.
STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар докуемнтарен филм во 2015-та година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка. Затоа не ја пропуштајте оваа несекојдневна прилика да ја погледнете премиерата на овој возбудлив документарен филм во Скопје!