Stobilosophy: Crvena Jabuka & Plan G
На 23 јуни во комплексот на винаријата Стоби, со почеток во 17 часот, под големиот шатор ќе се одржи концерт на Црвена Јабука како прва активност на Stobilosophy
Започнете поинаков живот со Stobilosophy
Stobilosophy е филозофија на убавиот начин на живот, испреплетен со уживањето во вкусовите на врвните вина на Стоби, сплотувањето со музиката и препуштање во атмосферата и амбиентот во комплексот на винаријата. Ова движење започнува со концерт на популарниот екс-ЈУ бенд Црвена Јабука на 23 јуни во паркот на винаријата.
Винаријата Стоби создаде бренд кој ја истакнува мудроста на живеењето и ги поврзува уживањето во убавите вина во прекрасната природа на комплексот. Stobilosophy е „тежнеење кон убав живот”, кој предизвукува радост на душата, преку задоволуванје на сите вкусови. Стоби креира вина кои со својот вкус ги задоволуваат високите критериуми на познавачите. Експлозија на чувства со голтка вино создава симбиоза со останатите елементи за да се постигне совршената состојба на Stobilosophy.
Со прекрасните љубовни рефрени на Црвена јабука ќе се дополни уште еден сегмент кон целосно трасирање на патот кон уживањето Да го започнеме летото токму во недела, на 23 јуни во комплексот на винаријата, и со убава енергија да продолжиме низ летото.
Се што е потребно да направите за Вашето двочасовно концертно уживање, е да купите ваучер во купи карти за се (линк) со кој ќе добиете коњопој за максимум 6 лица со 2 вида на прекрасно црвено (Stobi Antigona) и бело вино (Stobi Cuvee), како и даска врни галички сирења и кашкавал за цена од 1.200 денари.
На располагање ќе биде и друга храна (скара, ладни и вегетаријански сендвичи), сокчиња и вода, кои ќе можат дополнително да се купат. Винаријата Стоби мисли и се грижи за сите оние кои бисакале да дојдат со своите дечиња, на кои ќе биде обезбедено детско катче со најразличен вид на забавни содржини, како и грижа и активности од аниматори.
Стоби за Вас обезбеди сенка под шаторот на винаријата, вината се разладени, мезето ќе чека подготвено, атмосферата ќе ни ја направат хитовите и рефрените на Црвена јабука, и летото со Stobilosophy веќе ќе може да започне.
Следете го настанот на Facebook за дополнителни информации: https://www.facebook.com/events/340479943289665/