State Of Mind

dnb zurka

Wire и DnB Ku со гордост Ви ја претставуваат светската drum n bass сензација:

STATE OF MIND 

Drum n bass дуото од Нов Зеланд е формирано во 2002 година, од страна на Патрик Хокинс и Стјуарт Максвел. Имаат издавано музика за големи издавачки куќи, меѓу кои Subtitles Recordings на Teebee, CIA Recordings на Total Science, Shogun Audio, Black Sun Empire Recordings, Uprising Records на Concord Dawn, BC Presents на Bad Company... Во 2007 година ја формираат својата издавачка куќа, State of Mind Music (SOM Music).
Нивното дебитантско EP, насловено како Take Control, во 2007 година е номинирано за наградата "Best Electronic Album", а една година порано ги добиваат наградите "Breakthrough Artist" и "Electronic Single of the Year".
Во Март 2009-та година го издаваат своето второ EP, Faster Than Light, на кое гостуваат повеќе звучни имиња од светот на drum n bass музиката, додека во Април 2012-та година го издаваат својот албум, "Nil By Ear".
Водители се на drum n bass емисијата "The Next Level" на радио станицата 95bfm во Нов Зеланд.

Настанот ќе се оддржи во Wire, Куманово, со почеток од 22:00 часот. 

Warm up - Никола (DnB Ku) и Tecktone (Neuritmix).
VJ - Инес Ефремова. 

Влезниците ќе се продаваат по цена од 300 ден.

DNB IS MASSIVE !!!