Startup Festival: Startups from dusk till dawn
Startup Festival: Startups from dusk till dawn
4ти септември 2015
Охрид, плажа Лагадин 10
На 4ти септември на охридската плажа Лагадин 10, ќе имате можност да се запознаете и да се дружите со стартап заедница, да учестувувате во интересни предизвици и игри и да научите како стартапите се забавуваат.
Startup Festival претставува еднодневен настан кој ќе се одржува под мотото: Startups from dusk till dawn.
Програмата комбинира едукативен ден, стартап предизвик и вмрежување.
• 20.00 – 21.00: Silicon Drinkabout: пијачки и вмрежување
• 21.00 – 22.30: Едукативен дел: Прв говорник: Петар Ниновски, основач на WeLrn.com. Се запознавме со Петар пред една година, кога имаше само идеја за стартап кој ќе понуди иновативнa платформа за учење вештини преку куси и ефективни курсеви. Денес Петар има #winning тим, затворено инвестиција и база на корисници на WeLrn.com кои чекаат да се пушти првиот курс. Како даде отказ и започна, изгради тим, пристапи и доби финансии од CEED бизнис ангелите, грешките кои ги направи... се само дел од практичните совети кои ќе ги сподели на настанот.
• 22.30 – 23.30: #2 говорнник.
• 23.30 – 01.00: вмрежување и стартап предизвик
• 01.00 – изгрејсонце: Страшни стартап приказни
Настанот започнува во 20ч. и ќе трае до ранните утрински часови, збогатен со забава, убава музика и прекрасно друштво во стартапски стил.
7 факти кои треба да ги знаете за Summer Startup Festival:
• се случува на плажа, Лагадин 10ка
• трае од зајдисонце (2000h) до изгрејсонце...
• ќе здружи 50тина претприемачи, стартапи, инвеститори
• има стартап предизвик на кој може да добиете награди: ваучер за попуст во Coffice, co-working просторот во центарот на Скопје и бесплатен параглајдинг лет со Вертиго, дечките кои држеа тимбилдинг за Google (сериозно)
• носи гости од StartQube,
• до сега е поддржан од G6, Мунус, Girls in Tech Macedonia, Jägermeister...
Картите за настанот веќе се во продажба по цена од:
• Регуларна карта: 375 MKD (6 Euro)
• Пакет од 3 карти: 800 MKD (13 Euro)
• Пакет од 5 карти: 1200 MKD (20 Euro)
Во цената е вклучен 20% попуст на сите пијалоци за време на настанот.
Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jagermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia, Coffice, Red Bull, а повеќе информации и детали во врска со настанот можете да добиете на веб страницата: http://www.startupfestival.foundedin.mk/ Следете не исто така и на Facebook: Summer Startup Festival и дознајте за уште изненадувања кои следат!