Стенд Ап ОХ Фестивал - ОТКАЖАН

Почитувани,

Ве известуваме дека поради ненадејни технички причини настанот се откажува. Сите оние кои веќе купиле билети можат да направат поврат на средствата на продажните места од каде што ги купиле истите со приложување на фискалната сметка. Доколку билетите сте ги купиле онлајн за истите ќе добиете повратен емаил за успешна рефундација.

Со почит,

Тимот на ККЗС

Најголемиот балкански СТЕНД АП ФЕСТИВАЛ замислен како две големи неверојатни журки со урнебесен хумор и одлична жива музика.

Настан на кој ќе ги видите најдобрите адриа комичари во изминатите десет години на едно место, сега и никогаш повеќе. Помеѓу сетовите во живо ќе не забавува феноменалниот бенд на МАРКО ЛОГАУТ.

Настан кој ќе стане традиционален секоја година и ќе го направи Охрид центар на балканскиот хумор.

Дојдете во Охрид и поминете си две незаборавни вечери во Долни Сарај, со многу феноменален хумор, луда музика и добра пијачка.

Со наградата ОХРИДСКО ВЕСЛО НА СМЕАТА ќе бидат наградени и ќе настапат со своите најнови сетови:

Драган Маринковиќ-Маца
Неша Бриџес
Пеѓа Бајовиќ
Срѓан Олман
Срѓан Јовановиќ
Мариана Аранѓеловиќ
Бојан Велевски
Андрија Дабановиќ
Марко Пулјиз
Душан Варничиќ
стенд ап домаќин: Сашо Тасевски 

27 и 28 Јули, Долн Сарај, почеток во 21 часот

Билети во предпродажба по цена од 300 денари, на врата 400 денари.

Блок билет за двата настани изнесува 500 денари, на врата 600 денари.

ВИП Пакетите Резервација висока маса+ 4 карти + 4 води + пијалок по избор можете да ги најдете исклучиво на продажните места на ККЗС