СТЕНД АП ОД НОГА НА 2 ФЕБРУАРИ СО ПЕЏА БАЈОВИЧ

pedja bajovicУрнебесен стенд ап двочасовен спектакл.
На 2 фебруари 2016, во Скопје конечно доаѓа Пеџа Бајович, најдобриот стенд ап комичар на Балканот со својата двочасовна претстава ОД НОГА! Легендарниот хрвато-црногорско-српски-босанец кој има намера да "умре"во Македонија, во својата десетгодишна кариера во која има обиколено стотина градови од Америка до Австралија, во која има настапувано на најпознатиот телевизиски канал за комедија - Comedy Central, комичарот кој е носител на титулата најдобар стенд ап ветеран на STAND UP ADRIA AWARDS, за првпат доаѓа во Скопје со своја целовечерна претстава.

Настан за кој ќе се зборува со денови, а ќе се смееме со месеци! Она што е за автомобилите Мерцедес, тоа за балканскиот стенд ап е Пеџа Бајович! Она што за часовниците е Ролекс, тоа за балканскиот стенд ап е Пеџа Бајович! Едноставно, Пеџа Бајович е најдобриот! Набавете си карти на време, затоа што Дом На АРМ има ограничен број на седишта! Карти можат да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, до 15 јануари по цена од 300 денари, а потоа 400 ден.
Честито празник!
Онака, од нога!
dom na arm