Среќен мртовец-Тетово

Карти во продажба

Среќен Мртовец – Театарска претстава

27.04.2024, почеток: 20:00 часот, Центар за култура „Иљо Антески Смок“ - Тетово

„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.

Автор: Марјан Анѓеловски

Улоги: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.

Продукција: Алтернативен Театар Отпишани - Скопје

Цена на влезница 300 денари.