Солун - Метеори за Велигден

solun meteori1 ден 18.04: БИТОЛА - СОЛУН
Поаѓање во 06,00 ч. од паркингот пред спортската сала. Поаѓаме кон Солун. Разглед на градот: црквата Св. Димитрија, Арката на Галерије, Ротондата, Белата кула.... Слободно време за шопинг. После пладне посетуваме еден шопинг центар (Икеа или Космос). Околу 18ч поаѓаме кон Паралиа/Платамона. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден 19.04: МЕТЕОРИ – КОСТУР
Доручек. По доручекот поаѓаме кон Метеори. Разглед на еден од седумте манастирите (Големиот Метеорон). Факултативен ручек. После пладене поаѓаме кон Костур. Пристигнуваме приквечер. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 20.04: КОСТУР
Доручек. По доручекот разглед на градот сместен на полуостров на прекрасното Костурско езеро. Мавроитица, стариот град кејот... Слододно попладне. Ноќевање.

4 ден 21.04: КОСТУР - АИЛ – МАКЕДОНИЈА
Доручек. По доручекот посета на Аил остров во малото Преспанско езеро каде била првата Македонска Архиепископија во 985 год од страна на архиепископот Герман. Околу пладне посета на селото Герман каде е неговиот гроб по што поаѓаме кон Македонија. Пристигнуваме во касните вечерни часови

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 5.990 денари

 Во цената на аранжманот е пресметано:

  • Пат на наведената релација со автобус/минибус
  • 1н/п во Паралиа/Платамона во хотел
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е пресметано:

  • Факултативна посета на ресторант со музика - 15 до 20€
  • Патничко осигурување - 110 ден
  • Влезница во манастирите - 2€
  • Се она што не е предвидено со програмата

Напомена: За реализација на програмата потребно е 40 особи. Ноќевањето е во хотел со 2** и 3*** во 1/3 и 1/4 соби. За реализација на факултативните посети, потребно е 2/3 застапеност.

За повеќе информации јавете се на 047 553 666 или пишете на info@taglobus.mk