Солун, град на духови
Театар на Навигаторот Цветко ви претставува:
вторник 31 Мај 2016
Солун, град на духови
Почеток на претставата 20:00 часот
Текстот е на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер.
Музиката е на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.
Во претставата играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ.
Хрониката СОЛУН ГРАД НА ДУХОВИ, христијани, муслимани и евреи 1430 – 1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц.
Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.
Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.
СОЛУН – ГРАД НА ДУХОВИ е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и ЛЕРИН – ПОЛИЊА ЖИТО, РИДИШТА КРВ и СКОПЈЕ - СКОПЈЕ.
Претставата е наградена 2016 год. на Фестивалот Сараевска зима со Сребрена снегулка (највисока награда во драмската програма)Претставата е продукција на Театарот на Навигаторот Цветко, Скопје, направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари.