Солун, град на духови

solun grad na duhoviТеатарот на Навигаторот Цветко со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија ќе ја прикаже претставата

СОЛУН - ГРАД НА ДУХОВИ

од Русомир Богдановски
/Инспирирано од истоимената книга на Марк Мазовер/
со оригинална музика на Златко Ориѓански
настапуваат
: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева,  Стефан Вујисиќ, Мартин  Манев, Горан  Ников, Владимир  Петровиќ.
режисер
Слободан Унковски

Хрониката СОЛУН ГРАД НА ДУХОВИ, христијани, муслимани и евреи 1430 – 1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија.  Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430, па се  до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц.

Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

solun grad na duhovi 2Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.

СОЛУН – ГРАД НА ДУХОВИ е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и ЛЕРИН – ПОЛИЊА ЖИТО, РИДИШТА КРВ и СКОПЈЕ - СКОПЈЕ.

Претставата е наградена 2016 год. на Фестивалот Сараевска зима со Сребрена снегулка (највисока награда во драмската програма)

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари.
Задолжително испечатете го ваучерот од онлајн нарачката. Со негово приложување на одговорното лице на влезот на Кино Култура ќе можете да присуствувате на истата.